125 ГОДИНИ ЦРКВА „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Сочувајте ја,
свети угодници Божји,
Кириле и Методие, нашата
Македонска Православна Црква,
којашто Вие ја изградивте
врз камен-темелникот, Христос.
Да биде непоместлива, и од овој камен
да се растураат брановите на секое маловерие.
Да го молиме Господ,
Мајката Божја и
свети Кирил и Методиј
да ни даруваат
мир, здравје и спасение на родот
наш Македонски
2021-во лето Господово
отец Русе Жекоски
старешина на Црквата
Христос Воскресе !
„Дојдете и видете!”
(Јован 1: 39)
„Свети Кирил и Методиј“ е македонска православна црква во Гевгелија. Црквата се наоѓа во средишниот дел на Гевгелија, сместена на јужната страна на градското шеталиште.
 
Во црквата се наоѓаат девет икони од познатиот македонски зограф Димитар Андонов – Папрадишки. Воедно, црквата се одликува со голем и убав иконостас.
Црквата е најмногу посетена за време на најголемиот христијански празник Велигден.
 
Подигната е во 1896 година, што може да се види од натписот на плочата на источниот ѕид, вѕидан над олтарната апсида од надвор. Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година.
Во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник.
 
Според својата архитектурна форма, таа е трикорабна градба, со рамни дрвени тавани и со покривна конструкција на две води. Црквата има голем и убав иконостас, чии икони ги работел зографот Димитриј Андонов – Папрадишки. Дверите на црквата се од постаро време и се смета дека се пренесени од старата црква Света Троица или од манастирската црква “Св. Спас” во Гевгелија, и се дело на непознат резбар од XVIII век. Градител на црквата е Андон Китанов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *