ЖИТО ПРОМ ОД ГЕВГЕЛИЈА УЧЕСТВУВАШЕ ЗАЕДНО СО ДРУГИ ПЕТ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ НА САЕМОТ ЗА ХРАНА ВО ПАРИЗ

Шест македонски компании од прехранбената индустрија учествуваа на еден од најголемите меѓународни саемски манифестации на прехранбената индустрија, SIAL, кој се одржа од 15 до 19 октомври во Париз. 
 
Жито Пром од Гевгелија Макпрогрес од Виница, Макс од Струмица, Лион од Свети Николе, Кадино Груп, и Соко Горица од Скопје.
 
Саемот се организира секоја втора година, а по пауза од четири години поради пандемијата, на овој престижен светски саем се претставија над 7.200 изложувачи од 119 земји со повеќе од 400.000 квалитетни производи.
 
Саемот промовираше неколку тематски целини во рамките на десет изложбени павилјони и тоа: национални павилјони и региони во светот, готова храна, замрзната храна, млечни производи, овошје и зеленчук, месо и риба, кондиторски производи, трајни производи, пијалоци, органска храна.
 
За време на одржувањето саемот беше посетен од повеќе од 300.000 професионални посетители.
Жито пром – Гевгелија на саемот SIAL во Париз ги претстави кроасаните и колачите 4U, кои се одликуват со специфичен вкус и висок квалитет. 
 
Инаку Жито пром е семејна компанија со 25 годишна традиција. Во 2021 година тие ја лансираа и функционалната линија колачи 4U, која беше препознаена и поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) како иновативен македонски производ.
 
По враќањето од Париз, Татјана Танева Новаковска, менаџер на Жито пром изјави: „Во текот на саемските денови во Париз успеавме да се сретнеме со 180 нови, потенцијални соработници од различни земји во светот. Бидејќи Жито пром ги извезува своите производи во 25 земји, ваквиот настан беше одлична можност да се сретнеме и со нашите постоечки партнери. Ова е од голема важност во време кога економиите во светот се соочени со големи предизвици. “
 
Додека Марија – Антоанета ги носеше кроасаните во Франција, основачот на Жито Пром, Зоран Танев беше тој што го донесе најдобриот италијански пекар во неговиот сончев роден град, да го сподели своето знаење и тајната состојка – киселото тесто, како главна компонента на ронливите, меки кроасани, кои подоцна ќе бидат познати како кроасани 4U.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *