ЗДРУЖЕНИЕТО НА ОДГЛЕДУВАЧИ НА ПЧЕЛИ „НЕКТАР“ ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ ЗА ЧУВАЊЕТО НА ПЧЕЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ
На ден 14.03.2024 година со почеток во 18:00 часот. Во просториите на Народен театар „МАКЕДОНИЈА“- Гевгелија, Здружението на одгледувачи на пчели Нектар Негорци, Гевгелија одржа предавање за одгледувачите на пчели и пошироката јавност на тема „Контрола, стандардизација и чување на пчелните производи“.
Предавач на истиот настан беше Проф.др. Мича Младеновиќ од Србија, професор на Земјоделскиот Факултет во Белград, при катедрата по пчеларство. На настанот присуствуваа слушатели од Општина Гевгелија, но и од Општина Богданци Дојран, Негорино и Демиркапија. Овој настан беше одржан во соработка со лабороторијата за пчеларство при Факултетот за Земјоделски Науки – Скопје.