ЗАВРШНИОТ ТУРНИР „ФАЈНЛ ФОР“ ВО РАМКИТЕ ОД ПРВАТА МЛАДИНСКА ЛИГА М-18 ЌЕ БИДЕ ОДРЖАН ВО ГЕВГЕЛИЈА!
Младите таленти до 18 години на КК „КОЖУВ“, со макотрпна работа и многу труд на тренерите и управниот одбор , се пласираа на завршниот фајнл-фор турнир од првата младинска лига М-18. Клубот учествуваше во лицитација за организирање на завршниот турнир и од таму известија дека истиот ќе се одржи во Спортската сала 26-ти Април Гевгелија во деновите Недела, 19 мај и Вторник 21 мај 2024 година.!!
Ова ќе биде уште една можност со добра организација да се промовира кошарката во Гевгелија.како што тоа беше случај со голем број на домашни и меѓународни значајни натпревари во минатото.