ЗАВРШЕН НАСТАН НА „ЈАС=МЕДИУМ“ СО ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „И СЕГА ШТО ПРАВИМЕ“
Во рамките на проектот „Јас=Медиум“ на ЗГ „Од станица до граница“ Гевгелија се одржa завршниот настан.
На настанот беа присутни претставници од УНДП, наставници, професори и ученици од сите училишта од Општина Гевгелија што бea вклучени во проектните активности.Билјана Георгиевска како проектен координатор истакна дека проектот
„Јас=Медиум“ е еден од проектите во кои директни учесници се младите разработувајќи теми што ги засегнуваат поденакво сите генерации.
Претседателот на здружението, Тони Аврамов, истакна дека овој проект во своето осуммесечно имплементирање ги опфати сите училишта од Општина Гевгелија, но и ја докажа продуктивноста од причина што во рамките на проектните активности беа изработени повеќе медиумски производи со едукативен карактер.
На настанот беа доделени наградите од конкурсот „За мојата приказна јас сум медиумот“, но исто така беше изведена и претставата „И сега, што правиме“, на текст од Марија Џиџева, а во режија на Даниела Џишева и Марија Џиџева. Претставата ја одиграа членовите на драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
Темата што ја обработува проектот „Јас=Медиум“ се секојдневните предизвици на младите во поглед на примање информации, нивната веродостојност и опасностите што се јавуваат како закана во развојот на психофизичкиот развој, употребата на социјалните мрежи, но и алатките што можат да помогнат при откривањето на лажните информации и фотографии.
Учениците од сите основни училишта и од средношколскиот центар изминатите осум месеци одржаа повеќе работилници со новинари, режисери, психолози и наставници по македонски јазик со цел откривање и препознавање на лажните вести и креирање на добри содржини.
Проектот се реализира во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Европската унијa и Општина Гевгелија.
Прегледи: 374