Во исто време, Глигор Петков им предава на учениците од втора година од електротехничката струка, смер-електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
Имено, како одговор на потребите на компаниите кои егзистираат во дејноста на енергетиката и ИТ секторот во регионот и недостатокот на стручен и соодветен кадар од една страна , а имајќи ги во предвид позитивните практики од концептот на дуалното образование,во СОУ„Богданци“ Богданци од учебната 2022/23 година воведе нова електротехничка струка, профил електротехничар/енергетичар и електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
Интересот за изучување на оваа струка е голем од страна на учениците и моментално во ова училиштеима 4 паралелки во прва и втора година кои реализираат наставна програма од оваа насока.
Најпрво се склучени Меморандуми за деловна соработка со компаниите Електродистрибуција КЕЦ – Гевгелија, ПерпетуумКоде ДОО – Гевгелија, ЛУКА СОФТ – Гевгелија , Електро-Дон ДООЕЛ – Богданци, Старком Ристо ДООЕЛ – Богданци, а денеска бројот на компании од оваа дејност со кои СОУ„Богданци“ соработува е поголем.
Препознаени се придобивките од дуалното образование кое е успешен начин на градење на вештини кај учениците потребни на пазарот на работна сила, нудејќи им квалитетна практична настава во реални услови.