ЗАДУШНИЦА – ДЕН ПОСВЕТЕН ЗА МОЛИТВА НА ПОКОЈ НА ДУШИТЕ НА ПОЧИНАТИТЕ

Денес да им оддадеме Почит кон сите наши починати предци
 
Православните христијани денес ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.
Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.
 
Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
 
На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
 
Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *