ЗАДУШНИЦА – ДЕН ПОСВЕТЕН „ЗА ДУША“ НА НАШИТЕ НАЈМИЛИ КОИ НЕ СЕ ПОВЕЌЕ СО НАС

Задушница, ден кога се слави споменот на починатите. Тоа се членови на нашите семејства, оние што особено сме ги љубеле. Тие што упокојувајќи се, се оддалечиле од нас и кои нема да ги заборавиме. Тие на кои можеби во животот сме им згрешиле. Нашите предци и сите оние на кои животот им го должиме. Нашите соседи и нашите блиски. Тие што добро сме ги познавале, тие што се упокоиле во оваа година, и тие кои одамна си заминале. И оние непознатите, со ништо непрославени, речиси безимени, и оние што на сите им се познати. Тие што биле среќни, но и тие за кои животот бил бездна на очај. Тие што биле благородни и штедри, и тие што биле рамнодушни кон се. И оние чии надгробни споменици секогаш се украсени со цвеќе, и тие чии што гробови одамна се срамниле со земјата. Тие што се упокоиле со вера дека ќе го стекнат Рајот, но и оние кои на ништо не се надевале.
Да го воскреснеме во нашиот спомен она што тие биле. Да заборавиме на се лошо, сета нивна пројавена слабост и да го паметиме само нивното добро, нивната длабочина, единственост и неповторливост. Секогаш со љубов да си спомнуваме за нив,

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *