„ЗА ТЕБЕ ЉУБОВ МОЈА“ ВО ПРЕСРЕТ НА ДЕНОТ НА ЖЕНАТА

И годинава, жената во Гевгелија се чествуваше со стихови и музика во рамките на традиционалната 21. по ред поетско-музичка манифестација „За тебе љубов моја“
 
„Горди сме што и вечерва докажавте со вашето огромно присуство дека Гевгелија ја сака уметноста, и дека оваа манифестација стана културен белег на нашиот град.“
 
Со овие зборови, Даниела Џишева, професорка по македонски јазик, која заедно со својот колега Тони Аврамов, преку Здружението „Од станица до граница“, годинава ја организираше, поетско-музичката вечер, синоќа, во пресрет на 8 Март, Денот на жената, на многубројните вљубеници во поезијата и музиката во хотелот „Аполонија,“ им посака добредојде.
 
Учесници во поетскиот дел беа Даниела Џишева, Тони Аврамов, Ламбрина Лазаревска, Бојан Алексов, Марија Џиџева, Катица Џишева Дупарова, Петар Јанчев, Бисерка Макревска, Александра Ќаева, Каме Ќаев, Мери Олумчева, Светлана Стојковиќ, Љупка Урумова, Силвестер Проле, Розита Андонова и Јордан Андонов (гостин од Велес).
 
Во музичкиот дел настапија : Александар Стојанов, Ангелина Несторова, Ѓорги, Митров Ангела Зафирова, Ања Поп Костова, Јована Дупарова, Слободанка Арнаудова, Стојанчо Кортелов и Цветанка Атанасова.
 
Да потсетиме дека овој поетско музички омаж за жените и љубовта го започна своето живеење во 1995 година, која тогаш го носеше насловот „Кога мажот ја сака жената“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *