Стотици македонци во Детроит за прв пат го прославија Денот на Македонското Наследство на 30ти јули организиран од Детроит Тајгерс, бејсбол тимот чиј сопственици се Илич фамилијата со потекло од битолскиот крај Драгош и Буф во Егејска Македонија. Настанот беше во партнерство со Обединетата Македонска Дијаспора, и благодарение на неколку видни македонско-американски компани и сопственици како спонзори.
Овој настан ја слави значителноста на македонско-американската заедница и културната разновидност на Детроит. Го прославува македонското наследство кое Мајк Илич со гордост и посветеност го ширеше и никогаш не го заборави, како и на сите македонци кои продолжуваат да го слават низ Детроит и цела Америка. Среќни сме што оваа прослава ќе стане годишна традиција и ќе има можност да биде проследено од следните генерации.