ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДВАТА ИЛИНДЕНА-БОРБАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА,БОРБАТА СЕУШТЕ ТРАЕ!

„Веќе се гледа изгревот на нашата слобода, се гледа идеалната дружба на старите илинденци и новите илинденци-младата македонска војска и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи-слободна Македонија.“-Панко Брашнаров
 
Македонија денеска го одбележува Денот на Републиката 2 Август, двоен празник кој има огромно значење за македонскиот народ и за балканската историја воопшто. Денеска чествуваме 121 година од почетокот на Илинденското востание во 1903 година и прогласувањето на првата република на Балканот и 80 години од Првото заседание на АСНОМ во 1944 година каде се поставени темелите на македонската држава.
 
Во 1903 година почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската република.
 
Идејата од 1903 година и Крушевската Република, како прва Република на Балканот, која траеше само десет дена, станаа стварност со АСНОМ во 1944 година, повторно на Илинден, во манастирот „Свети Прохор Пчињски“ кај Куманово. Четириесет и една година подоцна, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија.
 
Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *