ЗА ФК „ЗДРАВО“ ОД ДАВИДОВО ВО 1978 ГОДИНА ПИШУВА ВЕСНИКОТ „ВЕЧЕРЊЕ НОВОСТИ“
Нашиот читател и гледач Бранко Ристов ни испрати интересна фотографија и текст објавен во тогашниот најтиражен југословенски весник „Вечерње Новости“, а кој зборува за еден од најмладите фудбалски клубови во тогашна СФРЈ, ФК. „Здраво“ од Давидово.
Автор на текстот е тогаш ученичката Македонка Лазарова, чии браќа тогаш настапувале за овој клуб.
Од текстот дознаваме дека ФК „Здраво“ од Давидово се натпреварува во Општинската фудбалска лига на Гевгелија и постигнува одлични резултати. Името, пишува Македонка им е необично, додека фудбалерите кои настапуваат за него се студенти и ученици кои се собираат само во неделите кога има натпревар. Иако екипата нема Управа, и своите натпревари ги игра во Миравци, тоа не им пречи, со сопствени средства да ја купат опремата и изнајмуваат автобуси за превоз на фудбалерите и навивачите.
Еве што за тимот вели капитенот и најдобриот стрелец на ФК „Здраво“, Ване Стојановски:
„Имаме најдобар тим во општината, играме најдопадлив фудбал , имаме најмногу навивачи и постигнуваме најдобри резултати иако немаме Управа и немаме свој стадион. Им благодариме на комшиите од Миравци што ни дозволуваат да играме на нивниот терен. Името на клубот го даде најмладиот навивач кој има само 14 години и посака овој клуб да игра како „Црвена Ѕвезда“ од Белград.“
На фотографијата се следниве фудбалери:
Стојат, од лево на десно Бранко Ристов, Драги Андонов,Владо Лазаровски, Благој Динолов(сега починат)Боро Ристовски, Илија Стојчевски,Атанас Василев(починат),и Крсо Костадинов. Клечат, од лево на десно, Илија Лазаровски(починат), Крсте Јованов, Јован Стојков(починат), Мирко Ристовски-Караман и Митко Ристовски
Прегледи: 153