ЗА 14 МЕСЕЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗАЛОВЕНИ 46 БЕЗДОМНИ КУЧИЊА, ВДОМЕНИ СЕ 4

ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на последната седница на Советот на Општина Гевгелија презентираше пред советниците Извештај за бројот на заловени и третирани бездомни кучиња за 2023 година и до 02 месец 2024 година.

Според извештајот бројот ма заловени бездомни кучиња во извештајниот период е 46, од нив 19 се од женски пол а 27 од машки пол. Од вкупнуиот број заловени кучиња, по третирањето се вратени 37 на местото на заловување. Бројот на извршена кастрација/стерилизација е 35 бидејќи од вкупниот број заловени бездомни кучиња некои веќе биле кастрирани/стерилизирани.
 
Во овој период евтанизирани се 3 бездомни кучиња, од нив едно позитивно на леишманија додека две не го поминале тестот на социјализација, согласно наредбата на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во извештајниот период вдомени се 4 бездомни кучиња.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *