„ВОЗИ ОДМОРЕН“, ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА НА ОСБСП ГЕВГЕЛИЈА

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при Општина Гевгелија, во рамките на кампањата „Вози одморен“, реализираше теренска акција на граничните премини „Богородица“ и „Дојрани“. Во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патиштата и МВР, на возачите им беа поделени едукативни флаери со наведени мерки кои би ги спречиле сообраќајните незгоди. Поради тоа што заморот е една од главните причини за сообраќајни незгоди, особено во летниот период, исто така, на возачите им беа поделени и ваучери со кафе, бели маици, заштитни капи и ладна вода за справување со летните горештини.
„Бидете наспани кога тргнувате на пат! Вашиот живот и животот на вашите најблиски се во ваши раце!“- апелира Општинскиот совет за безбедност во сообраќакот на патиштата при Општина Гевгелија, потсетувајќи ги возачите на одговорно и примерно однесување во сoобраќајот, почитување на правилата и прописите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *