ВО ВТОРОЛИГАШКОТО ДЕРБИ НА ЈУГОТ ВАРДАРСКИ – КОЖУФ 1-3

На градскиот стадион во Богданци, во една прекрасна атмосфера, пред околу 1500 гледачи, по 28 години повторно се играше големото соседско дерби во Втората фудбалска лига Вардарски-Кожуф.

Гевгеличани, иако губеа со 1-0, сепак при крајот на првото полувреме успееја да изедначат, а потоа во вториот дел да направат пресврт и на крајот да победат со резултат 3-1.
По две одиграни кола, Кожуф има 4 бодови, а тимот на Вардарски остана со оној еден бод освоен против ФК Скопје.
 
Натпреварите од 3то коло се играат во Недела 01.09 од 16.00 часот. Кожуф игра дома со екипата на Осогово, додека Вардарски гостува на екипата на Детонит.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *