ВО ТЕК Е АКЦИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ ПРЕД ЛАМЕЛИТЕ НА УЛ. „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“

ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, во соработка со Општина Гевгелија, започна со уредувањето на парковите и јавните површини во општината. Во тек е акција за уредување на зелената површина пред станбениот комплекс на улицата „Коле Неделковски“, во Гевгелија. По порамнувањето на земјиштето, просторот ќе биде оплеменет со урбана опрема и хортикултурно уреден. ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија најави дека во наредниот период ќе продолжи со одржувањето на парковите и јавните површини и на останатите локации во Гевгелија.
Согласно Програмата за работните активности, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ги одржува јавните паркови во Општина Гевгелија, чија површина изнесува 38.000 м2 и зелените појаси околу станбените згради, чија површина изнесува 45.680 м2. Покрај одржувањето на зелените површини во градот, ЈПКД „Комуналец“ се грижи и за зелените површини и во населените места. За што редовно се врши набавка на потребните средства и материјали, како и производство на сезонско цвеќе, од кое 20.000 садници пролетно цвеќе. Претпријатието ја одржува и урбаната опрема во градот и околните населени места.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *