ВО СРЕДА, 22 ЈУНИ, ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПРВО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 22 и 23 Јуни 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:
 
На 22.06.2022 (Среда), во општините Струмица и Гевгелија;
На 23.06.2022 (Четврток), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.
 
Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри стои во информацијата од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *