ВО СОУ „БОГДАНЦИ“ ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ЌЕ СЕ ЗАПИШАТ 159 УЧЕНИКА ВО 6 ПАРАЛЕЛКИ

СЕ ВОВЕДУВА И ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА.
Во учебната 2022/2023 година во СОУ „Богданци“ ќе има место да се запишат вкупно 159 ученика во 6 паралелки. Според објавениот Kонкурс на Министерството за образование и наука во ова средно училиште покрај постоечкото Гимназиско образование, Сообраќајната, Здравствената, Градежно геодетската и Текстилно кожарската струка ќе се воведе и Електротехничка струка четиригодишно образование за образовниот профил електротехничар – енергетичар / електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *