ВО СКОРО ВРЕМЕ СПОРТСКАТА САЛА „26 АПРИЛ“ ЌЕ СТАНЕ СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Агенцијата за млади и спорт на РМ ќе поддржи повеќе спортски активности и проекти за подобрување на условите за спортување во Општина Гевгелија. Ова беше договорено на состанокот на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумчe Мојсоски со градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, на кој присуствуваа пратеничката Марија Костадинова и претседателот на Советот на Општина Гевгелија Тодор Ристов.

На состанокот беше истакнато дека Општина Гевгелија редовно и секој година, преку посебна програма ги поддржува активностите и манифестациите на спортските клубови и здруженија. Паралелно, настојува да ги подобри условите за спортување преку уредување на постојните објекти, како и изградба на нови спортски терени. Од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумчe Мојсоски, беше најавена подготвеноста за поддршка на активностите на спортските здруженија и на младите во Општина Гевгелија. Пред се, за подобрување на условите за спортување и младинско организирање, како значаен предуслов за унапредување на спортот. Притоа, во рамките на програмските активности на Агенцијата, беше посочена и можноста за изградба на едно мултифункционално игралиште во Гевгелија.

Инаку, во општина Гевгелија, во тек е акција за целосен увид на сите спортски објекти, игралишта и рекреативни центри и санирање и подобрување на условите во истите. На состанокот, од страна на градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, беше најавено дека во најскоро време се очекува спортската сала „26 Април“ во Гевгелија да биде префрлена во сопственост на Општина Гевгелија. Од страна на Општината се подготвени сите документи, а се очекува Владата на РСМ само да ја донесе веке подготвената одлука за отстапување на овој спортски објект во општинска сопственост. На тој начин, ќе се создадат уште подобри услови за унапредување на спортските активности во општината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *