Во рамки на проектот Aqua-M II, проект финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Гевгелија како краен корисник ги доби следниве инструменти за мерење на квалитетот на водата во река Вардар:
– Инструмент за анјонска течна хроматографија HIC-ESP од јапоснкиот производител Shimadzu, инструментот е попознат како HPLC (High Performance Liquid Chromatography);
Поради значајната улога на јоните во структурата и динамиката на водата, јонската состојба, како што е типот на јоните и нивната концентрација, се сметат за критични фактори кои влијаат на квалитетот на водата
– Инструмент за мерење на Вкупен Органски Јаглерод TOC-L (Total Organic Carbon) со вграден инструмент за мерење на Вкупен Азот TNM-L (Total Nitrogen Measuring), од јапонскиот производител Shimadzu;
Квалитетот на било која вода е високо зависно од концентрацијата на растворениот органски јаглерод заради неговата способност да ја изменува хемијата на водата и да придонесе за развојот на микроорганизми, додека зголемените концентрации на азот во водата доведува до забрзан раст на некои водни растенија и на некои алги кои, ако се присутни во големи количини го трошат растворениот кислород во водата и доведуваат до изумирање на рибите и раковите, појава позната како Еуторфикација.
– Спектрофотометар DR 6000 од америчкиот производител HACH
Спектрофотометарот DR 6000 е еден од најнапредните лабораторски спектрофотометри, и е парче лабораториска опрема без кој, скоро и да не може да функционира лабораторија.
Со UV (ultra violet) и VIS (од visible spectrum) спектарски можности, и преку 250 пред-програмирани методи кои ги вклучуваат и најупотребуваните методи за тестирање, процедури за насочување и интегриран софтвер, со DR 6000 се изведуваат најсофистицираните мерења на Арсен, Бариум, Кадмиум, Кобалт , ХПК (хемиски потребен кислород), Бакар, Цијанид, Железо,Олово, Жива , Амонија, Феноли, Сулфид, Танин и Лигнин, Токсичност, и многу други параметри со долна граница на детекција од неколку µg