ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЛОЗАРИТЕ – СВ.ТРИФУН ЗА МНОГУ ГОДИНИ СВ.ТРИФУН – НЕКА ГОДИНАТА БИДЕ ПЛОДНА И БЕРИЌЕТНА
Денес во црквата Света Петка во населено место Прдејци со закројување на лозјето се одбележа денот на лозарите Св.Трифун.
Во духот на традицијата и демохристијанските вредности, а во чест на Светиот маченик Трифун денес се наздрави за плодна година на лозарите за здравје, среќа и бериќет.
Св. Трифун е заштитник на лозарите, денот кога се одбележува закројувањето на виновите лози!
Свети Трифун – Денот на лозарите и годинава во општина Гевгелија беше одбележан со повеќе манифестации и свечености на лозовите плантажи. Централниот настан се случи во црквата „Св.Петка“ во Прдејци, каде што по традиција, се одржува црковна литургија, по што следува закројување на лозјето во дворот на црквата.
На свеченоста присуствуваа голем број верници и гости, меѓу кои и градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов.
Градоначалникот Сарамнндов, честитајќи им го празникот на верниците и лозарите, посака богат род на лозовите плантажи во општината и изрази надеж дека сегашниот тренд на модернизирано производство на грозје според европски стандарди ќе продолжи и понатаму.