ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗАПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИОТ ГРИП

Денеска во Гевгелија започна вакцинацијата против сезонскиот грип. Вакцинирањето ќе се одвива секој ден од 8 до 13 часот, при што, истакна доктор Олумчев од Центарот за јавно здравје, во текот на еден ден ќе може да се вакцинираат 120 граѓани на Општина Гевгелија. Тој напомена дека изминатата година вакцина против сезонскиот грип примија 1.500 жители на Општина Гевгелија. Министерството за здравство годинава обезбеди 10 илјади дози вакцини повеќе отколку лани, така што вкупниот број на обезбедени дози е 70 илјади. Половината од тие дози веќе се „резервирани“ односно за нив веќе се пријавиле граѓани кои се дел од ризичните групи и сакаат да ги примат. Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации низ целата земја. До сега 33 илјади граѓани се пријавиле преку интернет-страницата вакцинација.мк. Од Комисијата за заразни болести, потсетуваат дека вакцинацијата е најдобар начин за заштита од тешки форми на грип.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *