ВО ГЕВГЕЛИЈА ВАКЦИНАЦИЈАТА СЕ ОДВИВА СО НАМАЛЕНО ТЕМПО, НО СЕ НАМАЛУВА И БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ЛИЦА ВО КОВИД БОЛНИЦАТА.

Вакцинацијата во Гевгелија се одвива непречено, иако со намалено темпо. Така, според изјавата на директорот на Општата болница во Гевгелија, од 10 до 17 септември со прва доза се вакцинирале 147 граѓани, а се ревакцинирале 554 граѓани.
Ако на почетокот, дневно против ковид, со прва доза се вакцинираа од 150 до 200 граѓани , сега таа бројка изнесува помеѓу 20 и 30 граѓани . Тоа е и разбирливо, вели Крџев, ако се земе во предвид дека до денес во Гевгелија со прва доза се вакцинирани 11.708 граѓани, а ревакцинирани се 9.101, и фактот што Гевгелија, со вакцинирани околу 64% од населението со една доза, е меѓу најуспешните во Македонија.
Очекуваме, потенцира Крџев, во наредните недели бројката на граѓани кои ја примиле и втората доза да се доближи до бројката на оние пациенти кои се вакцинирале со една доза. Сето ова придонесе, продолжи директорот, во моментот во модуларната ковид болница да има хоспитализирано само едно лице. Сепак, потенцира тој, апелирам до граѓаните, особено на оние од помладата возраст да се вакцинираат, бидејќи вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.
May be an image of outdoors and tree
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *