ВО БИТОЛА ОДРЖАН ПРОТЕСТ – СЛОБОДА ЗА ЛАМБЕ

Вчера во Битола се одржа протест за ослободување на пејачот Ламбе Алабаковски, кој доби 8 дена притвор за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.
Протестот беше одржна пред полициската станица во Битола. Беа испратени пораки за поддршка на пејачот.
„Слобода за Ламбе“, „Смрт за фашизмот, слобода за народот“, беа дел од паролите и извиците упатени од протестот.
-Затоа се собравме овде за да побараме слобода за еден наш сограѓанин. Токму реакцијата на Ламбе е тоа што сите ние го чувствуваме за фашизмот. Ламбе е крик на македонската бунтовност. Бараме ослободителна пресуда, порачаа говорниците на протестот.
Во текот на вчерашниот ден партијата Левица, односно нејзиниот огранок од Битола се јави како организатор на протестот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *