ВО 1945 ГОДИНА, НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е ОСНОВАНО МАКЕДОНСКОТО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО (МЛД)

Основано е здружение на лекарите од Македонија во 1945 година. Прв претседател бил д-р Б. Спиров, проф. по историја на медицината на Медицинскиот факултет. во Скопје. Македонско лекарско друштво (МЛД) — професионално здружение од областа на здравството основано во 1945. год. како Здружение на лекарите, стоматолозите и фармацевтите.

Фармацевтите формирале посебно здружение од МЛД на 12 јули 1947., а стоматолозите на 10.06.200.4 година. Членството се состои од 4.490 лекари (08/2008) организирани во 22 подрачни и 70 специјалистички и субспецијалистички здруженија.
Мисија на МЛД е унапредувањето на медицинската и сродните науки, зачувување и унапредување на достоинството и угледот на лекарската професија, и заштита на интересите на лекарите. МЛД е главен носител на организираната континуирана медицинска образование (КМЕ) и континуиран професионален развој (КПР) во континуитет повеќе од 70 години.

Македонското лекарско друштво со своето над седумдесет годишно дејствување преку генерации на лекари и нивната доброволна и несебична заложба и пожртвуваност, претставува еден од главните столбови на македонското здравство и значаен сегмент во вкупниот општествено-социјален развој на Република Македонија.
МЛД е претходник на Медицинскиот факултет како извор на првиот наставнички кадар на факултетот.
МЛД бил иницијатор за формирањето на Лекарската комора на Македонија.

МЛД е добитник на повеќе награди: 11 Октомвриска , 13 Ноемвриска, Св. Климент Охридски и др.
МЛД е член на Светската медицинка асоцијација WMA, EFMA/WHO, Европскиот форум на лекарски асоцијации, SEEFMA Форумот на лекарските асоцијации од Југоисточна Европа, и повеќе од 40 меѓународни специјалистички асоцијации.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *