ВНИМАВАЈТЕ АКО ДОБИЕТЕ  МЕИЛ ОД МАКЕДОНСКИ ПОШТИ

СЕ РАБОТИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА И КРАЖБА НА ПОДАТОЦИ ОД ВАШИТЕ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ.

Името на Македонска пошта е злоупотребено за кражба на податоци на платежни картички преку маил кој пристигнува кај граѓани во име на нереализирана пратка поради неплатена царина од 10 денари. Директорот на пошта Јани Макрадули предупреди дека пошта не праќа такви маилови и дека за тоа е покрената постапка во МВР. Експертите велат станува збор за организирана криминална група која ги доставува овие меилови преку сервер во Русија и таргетира исклучиво македонски корисници.

Вашата пратка не можеше да се достави во вторник (08.02.2022 година ) бидејќи не е платена царина од 10 денари. Ова е пораката што во електронската пошта ја добиле вчера група на граѓани во име на Македонска пошта.

Од Македонски Пошти преку објава на социјални мрежи велат дека јавното претпријатие не стои зад таквата објава затоа што единствено и официјално известување за достава на пратките се врши физички преку поштари.

„А секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување“, се вели во известувањето на корисниците на Македонска Пошта.

 

Информатичарите апелираат до македонските корисници на внимаваат кога добиваат е- маил пораки, односно ако за момент си помислат зошто добие порака со сомнителен карактер да не кликаат, односно да не ја извршат акцијата која се бара во меилот.

Не кликајте на линкот, не симнувајте датотеки, не симнувајте софтвер кој ви се нуди, велат информатичарите, кои препорачуваат ако добијат софистицирана порака од некоја институција да ја проверат информацијата за да се уверат дали навистина се жртва на фишинг или пак н

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *