ВИОЛЕТА СТОЈАНОВИЌ, ПЕДАГОГ ВО ОПШТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА

„СЕМЕЈСТВОТО ТРЕБА ДА МУ ПОМОГНЕ НА СВОЕТО ДЕТЕ ВО СОЗДАВАЊЕ ЧУВСТВО НА „НОРМАЛНОСТ“ ДОМА ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ИЛИ ВО НОВОТО „НОРМАЛНО“ ВРЕМЕ“
 
Во ова време на пандемија,кое носи со себе амплитудни разлики во расположението, вознемиреност, стрес, неизвесност, анксиозност, посебно внимание треба да ставиме на децата од сите возрасти и на нивниот психофизички развој.
 
Секое дете се соочува со овие емоции на различен начин и различно реагира.
Најголема улога во животот на секое дете има семејството !
Семејството е јадро на љубовта !
 
Срекно семејство е семејство што живее во вистинска длабока,искрена и цврста атмосфера на љубов. Цврстото јадро е основа врз која секој човек почнува да се изградува себеси, да се реализира со низа витални фактори кои го обликуваат она што се нарекува семејна атмосфера.
 
Секое семејство треба да му помогне на своето дете со создавање чувство за “нормалност дома”, додека се снаоѓате во “новото нормално време”.
 
ДА СЕ БИДЕ ТУКА : Пред се, тоа значи да се биде присутен,да се биде вклучен,да се вложат време, сила, волја, внимание, жртва, самиот себе. Во семејството сите се ВАЖНИ !!!
 
МЕЃУСЕБНА ЉУБОВ :Љубов во семејството се дава и се прима. Таа е секогаш двонасочна !!!
 
ЗАЕДНИЧКА РАБОТА : Работењето заедно ,особено ги обединува сите членови на семејството !
КОМУНИКАЦИЈА : Во семејството се разговара. Особено е важно родителите да разговараат со децата а не постојано да држат монолози и да даваат наредби. Да се даде внимание и пофалба на секој труд и напор што ке го направи детето, поттик и подршка!
 
ПОЧИТ : За да се почувствуваат почитувани, на децата потребно е да им се каже ! Тие потоа, самите возвраќаат со почит. Така се гради чувството за самодоверба !!!
 
ПОМОШ : Семејството е местото каде секогаш најпрво се бара помош. Тоа е потпора,каде во тешките мигови пронаоѓаме поддршка, разбирање, совет, доверба, помош и надеж за живот. Секое семејство, ама баш секое, има проблеми. Разликата е во тоа што некои семејства ги решаваат предизвиците и се соочуваат со нив, а други ги потиснуваат и се обидуваат да бараат виновници за тоа што им се случува.
 
ПРОСТУВАЊЕ : Расправиите се составен дел на животот. Човечки е да се згреши и човечки е да се прости. Поуката од грешките не прави подобри и за себе и за сите околу нас !
За сето ова да функционира, треба да им се даде поддршка и на самите родители, посебно од страна на институциите во кои тие работат а и од самата држава, посебно во услови во кои има случај на болест во семејството или губење на близок член од семејството или разделба за да им се овозможи да се грижат за нивните деца и да оддржуваат контакт со членовите на блиското семејство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *