Во салата „26 Април“ во Гевгелија синоќа се случи убав спортски настан. Кошаркарскиот клуб Кожув организираше хуманитарен натпревар меѓу две генерации на ветерани на гевгеличани.
Повозрасните беа предводени од капитенот Ѓоко Андреев, а настапија и Дуев, Струпар, Венци Гавровски… додека кај оние помладите на теренот се појавија Драган Лазаревски, Димитар Јаневски, Благој Јаневски…
На овој натпревар настапи и актуелниот градоначалник на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
„ Уште еднаш докажавме дека Гевгелија е спортски град но пред се дека е хуман град.. Она што треба сите да ги радува е што одигравме одличен меч преполн со возбудувања, а публиката создаде одлична атмосфера во салата. Сите приходи од оваа средба ќе бидат донирани во хуманитарни цели“, информираа од КК Кожув.