ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ И МИЈАЛЧЕ АНДОНОВСКИ ЌЕ ТРЧААТ ПОМЕЃУ ЕЗЕРА, ОБЛАЦИ И ПЛАНИНИ НА OHRID ULTRA-TRAIL 2022

На 4-то издание на планинската трка OHRID ULTRA-TRAIL 2022, која ќе се одржи во сабота на 14 мај 2022 година во Македонскиот Ерусалим, Охрид, ќе настапат и тројца маратонци од АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија. 
Валентина Узунова ќе трча на 40 километри, додека Методија Ичев и Мијалчо Андоновски ќе се натпреваруваат во трката на 22 километри.
 
Оваа незаборавна авантура со трчање привлече голем интерес а откако се затворија пријавите, организаторот официјално објави дека ќе учествуваат 309 планински тркачи од 23 држави – 46 на 100К, 51 на 60К, 78 на 40К и 134 на 20К!
 
Ќе биде ова уникатна прилика за краток необичен одмор со висококвалитетно сместување, одлична храна и многу историски и природни места за откривање. 
Вистинско искуство кое не се пропушта!
 
Охридската ултра-траил е организирана во Република Македонија на границата со Албанија и Грција во Националниот парк Галичица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *