УТРЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 39. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
Утре, четврток, 29 февруари, со почеток од 10,30 часот, во малата сала на Народниот театар, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 39. седница, на којашто ќе ги разгледува Извештаите за реализација на најголемите буџетски програми- за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија и за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2023 година.
Исто така, пред Советот ќе се најдат Предлог-Одлуки за сопствено учество на Општина Гевгелија за Проектите: „Изградба на сервисна улица Павел Шатев“, „Поставување урбана опрема за детски игралишта во селата Ново Конско, Кованец и Мрзенци“ и „Поставување урбана опрема- контејнери и канти за рециклирање отпад во градот Гевгелија“.
Притоа, од областа на урбанистичкото работење ќе се разгледуваат неколку Иницијативи за изработка на Урбанистички проекти и измени и дополнувања на Урбанистички планови. На 39. седница, ќе се дискутира и по Извештаите за работа на културните институции за 2023 година, како и по Предлог-Програмите за работа за 2024 година. Советот на Општина Гевгелија ќе опшредели и име на Младинскиот дом во Моин.