УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА НА КОШАРКАРИТЕ НА „КОЖУВ“ ПО ДОАЃАЊЕТО НА ЈОНЧЕВСКИ ЗА ТРЕНЕР

Кошаркарите на „Кожув“ постигнаа синоќа уште една победа во низа, во салата „26 Април“. Овој пат совладан е тимот на КК „Кумановo“ со резултат од 94-76.

Најефикасен во екипата на гевгеличани повторно беше Гордон кој оствари дабл-дабл учинок со 31 поен и 13 асистенции. Со дабл-дабл учинок мечот го заврши и Ризвиќ кој запиша 20 поени и 11 скокови, Братоз го делеше само 1 скок за и тој да запише дабл-дабл учинок , тој натпреварот го заврши со 13 поени и 9 скокови, Колев натпреварот го заврши со 9 поени , Јузбашиќ и Штерјов со по 6 поени ,Стојановски со 4 ,Главчев 3 и Кузманов со 2 поени.

Ова е шеста победа на Кожув, со која тимот останува на осмото место на табелата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *