ТУРНИР НА МЛАДИТЕ ФУДБАЛСКИ НАДЕЖИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИОН ВО ГЕВГЕЛИЈА
Гевгелија утре ќе има богат спортски викенд. Во недела, 15 мај 2022 година , со почеток од 09:00 часот, на Градскиот стадион во Гевгелија ќе се организира завршен турнир на нашите млади фудбалски надежи, генерација 2011, 2012, 2013, 2014 година.
Учество ќе земат екипите на Кожуф, Џокер 2018, Академија Пандев, Беласица, Хоризонт Турново и Плачковица.
Децата се нашата иднина и наша должност е да им ја дадеме основата, а понатаму тие ќе се развиваат, велат од организаторот на турнирот ФК „КОЖУФ“.
Повелете во недела да им дадете поддршка на младите фудбалери и да уживате во нивните фудбалски мајстории.