ТУРИСТИЧКА ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ВО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија согласно програмските активности за 2022г започна со прв дел медиумска кампања. Туристичката промоција на земјава ќе се реализира во земјите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција, како и Полска поради зголемениот интерес на полски туристи за дестинацијата.
 
Ова се традиционални пазари кои континуирано се во првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања веќе е активна на најчитаните онлајн медиуми во регионот и истата се реализира преку промотивни банери, ПР текстови, туристички видеа, вклучително и промоција на социјалните мрежи. Медиумската кампања се реализира со цел задржување и зголемување на бројот на странските патувачи, за да се побуди нивниот интерес да ја одберам РС Македонија како безбедна дестинација во која ќе го поминат нивниот годишен одмор.
 
Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури, параглајдеринг, кајакинг, искачување по карпи, нуркање, јавање на коњ. А, за сите гурмани ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *