ТРОЈЦА РАКОМЕТАРИ НА РК „МЛАДОСТ 1977“ НА СПИСОКОТ ЗА КАДЕТСКИОТ МУНДИЈАЛ ВО ХРВАТСКА

Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави скратениот список за подготвителниот период во Маврово, како и за настапот на Мундијалот во Хрватска од 2 до 13 август.
 
Меѓу повиканите ракометари се најдоа тројца ракометари на РК Младост 1977 од Богданци и тоа најдобрите лев бек, голман и пивот од одржаниот Ф-4 младински Шампионат за 2022/23, (Николоски Антонио, Чрчев Илија, и Панов Благој).
Ова е еден од најдолемите успеси за овој клуб и овој југоисточен проект и приказна која започна 2018 година обединувајки три општини Богданци, Дојран и Валандово со селекција на овие деца кои во тоа време беа на 10 -13 годишна возраст.
 
РК Младост 1977 тука нема да застане, велат од Управата, веќе и во другите категории има уште 5-6 кадетски, пионерски и идни таленти кои некој веќе се дел од тие селекции а некои со напорната работа ќе станат дел од селекцијата на Македонија и со тоа РК Младост и Богданци после долги години го враќа епитетот расадник на таленти и ракометари како што тоа беше во минатото.
 
Меѓу 24 повикани ракометари се најдоа и браќата Тодор и Димитар Узунчев, некогашни играчи на РК „Партизан“ од Гевгелија кои сега настапуваат за тимот на РК „Мулти Есенс“
Македонија на Мундијалот во Хрватска за ривали во групната фаза ги има Норвешка, Црна Гора и Грузија.
Доколку нашата репрезентација обезбеди пласман во следната фаза, тогаш ќе вкрсти со групата на Данска, Австрија, Чиле и Мексико.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *