ТРОЈЦА ФУДБАЛЕРИ НА ФК “КОЖУФ”ПОВИКАНИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 19 ГОДИНИ

Бојан Јанев, Кирил Стојков и Енес Бучи, младите фудбалери на гевгелискиот второлигаш се повикани во редовите на Македонската фудбалска репрезентација.
 
Селекторот Неџат Шабани ги забележа нивните одлични настапи во минатата сезона по што реши да ги повика да се јават на собирот.
 
Од клубот веруваат дека со своите игри во дресот на Македонија овие играчи ќе бидат гордост на ФК “Кожуф” и на гевгелиските љубители на фудбалот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *