ТРЕТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО ЗАБРЗАН ШАХ „ВЕНЦИ ПОПОВ“

Во недела, на 25 август, во салата на СОУ „Јосиф Јосифовски“ фамилијата Попови и Шаховскиот клуб „7-ми Ноември“ ќе го организираат третиот меморијален турнир во забрзан шах „Венци Попов“. Организаторите очекуваат Гевгелија во недела повторно да биде центарот на шаховската игра во Македонија.
Турнирот ќе се игра во 9 кола по швајцарски систем според ФИДЕ правилата за забрзан шах. Пријавувањето е до утре, петок, 23 август на телефонскиот број 072 932 136 или на адреса tonisah@t.mk.
За најдобрите десет е предвиден награден фонд од 106.000 денари, како и специјални награди за најдобро пласиран гевгелиски шахист, за мајдобар млад шахист до 18 години како и за најдобро пласирана шахистка.
 
Венци Попов е роден на 22.02.1962 година во Гевгелија. Со најдревната игра-шахот се запознава уште на петгодишна возраст, а првите потези во шахот ги учи од својот татко, кројач, Душан Попов.
Во 1977 станува младински првак на Гевгелија, додека во 1978, 1979 и 1980 година , на првенствата во Охрид и Отешево, три пати едно по друго станува младински првак на Македонија.
Во меѓувреме настапува и на повеќе домашни и меѓународни турнири, каде со својата игра го привлекува вниманието на шаховските стручни лица.
 
Својот, дотогаш најголем успех, а воедно и најголем успех на еден македонски шаховски играч, Венци Попов го постигнува на силниот меѓународен турнир во Бела Црква, во конкуренција на петстотини играчи од целиот свет. Тогаш Попов победува голем број југословенски и светски велемајстори, меѓу кои и светската првенка Нона Гаприндашвили, и велемајсторот Слободан Мартиновиќ. Со овој резултат, Венци се здобива со меѓународен рејтинг од 2405 поени што беше најдобро рангирање на еден македонски шахист и меѓу првите југословенси шахисти.
 
Во периодот од 1983 до 1988 година настапува со голем успех на многу меѓународни шаховски турнири организирани во Југославија, од кои ги издвојуваме двете втори места во Крагуевац и Врњачка Бања, третото место во Шабац, каде е прогласен и за најдобар играч.
Во 1988 година се вработува како царинарник, и ја продолжува шаховската кариера, овој пат играјќи на викенд турнири. Конечно, во 1989 година на турнирот во Соко Бања, ја освојува меѓународната титула Фиде Мајстор.
ФИДЕ мајсторот Венци Попов во својата кариера настапувал за голем број шаховски клубови од земјата и од странство, совладувајќи ги познатите велемајстори Мартиновиќ, Рајковиќ, Чабрило, Дамљановиќ, Ѓуриќ, Цвитан, Богдановски, Кутиров, Недев и многу други.
Во 1999 година, на предлог на ШК „7-ми Моември“, за успешно презентирање на гевгелискиот и Македонскиот шах на многу турнири во Македонија и во светот, меѓу кои и оние во Кан и Коринт, Венци Попов ја добива сребрената седмоноемвриска плакета на општина гевгелија

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *