Годинава, во организација на РК Младост 1977 АД Богданци, ќе се одржи третото издание од меморијалниот турнир “Гоце и Томе”, посветен на некогашниот претседател на клубот Гоце Петрушев и секретарот Томе Лисичков.
На турнирот учество ќе земат екипите на РК Младост 1977 Богданци, РК Голден Арт Скопје, РК КЛ7 Алкалоид Св.Николе и РК Куманово, генерации родени 2004 и помали.
Турнирот ќе се одржи во спортската сала Млаз Богданци на 27-ми август 2022 година со почеток од 10:00 часот во формат на натпреварување: утрото два полуфинални натпревари со почеток од 10:30 часот и 12:15 часот и вечерта натпревар за 3 то место со почеток од 17:15 часот и финале од 19:00 часот.
За забавата на публиката ќе биде задолжено балетскaта група Sweet Dance Богданци.
По завршување на турнирот следува свечено доделување на наградите за учесниците како за најдобрите поединци на турнирот.
Сите натпревари ке бидат емитувани во живо на Live streаm каналот на РК Младост 1977
Турнирот се одржува во чест и сеќавање на сега покојните тогашен претседател Гоце Петрушев и секретар Томе Лисичков, луге кои имаат оставено голем белег во спортот и ракометот во Богданци, во Југоистокот, во македонскиот и југословенскиот ракомет.
Под нивно раководство екипата на „Младост“ги постигна најголемите во минатото.
•Формирање на РК Младост на 26 ти Август 1977 година..
1986 Прво место во Македонската лига, победа над првакот на Косово во баражот одигран во Јагодина и влез во Втората југословенска лига Гоце како играч.
• 1986-1989, член на Втората сојузна лига на Југославија, во период кога Југославија е светски и олимписки шампион во ракомет
• 1995-2008, Гоце станува Претседател на Младост кој се пласира во Супер лигата во ракомет и долгогодишен претставник на Македонија во европските купови
• Најголеми меѓународни успеси: Четврт-финале во Купот на победници на купови со Иври (Франција), сезона 1996/97 и неколку пласмани во осмина финале во Купот на ЕХФ и Челинџ купот. Според резултатите на меѓународен план РК Младост Богданци е четврта екипа во Македонија на сите времиња, зад Вардар, Металург и Пелистер. Овие успеси се остварени кога клубот го водеа Ѓорге Петрушев – претседател и Томе Лисичков – секретар.
Моменти кои ќе останат во вечно сеќавање се: сензационалната победа против Морнар Бар, кога во Богданци беа анулирани 13 гола негатива од првиот натпревар, елиминацијата на Мославина Кутина со гол на Јарослав Сичов во последната секунда, нерешениот резултат против Сиудад Реал во Шпанија и многу други..
• Најголеми домашни успеси: Финалисти на купот 1996 година и неколку трети места во Супер лигата на Македонија
• Сезона 2004-2005, Младост Богданци е есенски шампион во Супер лигата на Македонија
• 2007, клубот се фузира со Борец Велес и следната година згаснува.