TОШЕ АНЧЕВ И ВЛАТКО СЕМЕНАКОВ СО УШТЕ ДВАНАЕСЕТ МАРАТОНЦИ ЗАМИНАА ЗА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА ОД КАДЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГО ЗАПОЧНАТ 17- ОТ УЛТРАМАРАТОН ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ ОД НОВА ГРАДИШКА ДО КРУШЕВО

Гевгеличаните Тоше Анчев и Влатко Семенаков, заедно со уште 12 маратонци предводени од Наум Капричевски, идејниот творец на овој маратон, синоќа, околу 21 часот од Скопје заминаа за Република Хрватска , за да го истрчаат традиционалниот Меморијален маратон во чест на Тоше Проески, кој трагично загина на 16 октомври 2007 година на автопатот Нова Градишка-Загреб.
На Тоше ова е шесто учество на овој ултрамаратон, додека Влатко по втор пат го трча растојанието од Нова Градишка до Крушево.
Традиционално, во пресрет на оваа тажна годишнина, фановите подготвија бројни настани во спомен на Тоше.
Едни од оние кои негуваат посебна традиција со години се маратонците кои и овојпат ќе истрчаат од Нова Градишка до родниот град на Тоше, Крушево.
Маратонците ќе ја посетат македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ а предвидено е да имаат прием во македонската амбасада во Загреб на средба со амбасадорот Милиам Фетаи.
Во понеделник маратонците заминуваат за Нова Градишка, Хрватска, каде што ќе бидат пречекани од градоначалникот на Нова Градишка и од крушевскиот градоначалник и претседателот на крушевскиот совет.
Меморијалниот маратон ќе започне во понеделник, 14 -ти октомври. во 17:00 часот, од стадионот на НК Слога во Нова Градишка, додека во пресрет на почетокот во 16:15 часот, се очекува да бидат положени венци пред споменикот на Тоша Проески, кој се наоѓа во дворот на Електротехничкото и Економското уУчилиште во Нова Градишка.
Во Крушево се очекува да пристигнат околу пладне на 16 октомври, на 17. Годишнината од загинувањето на Тоше Проески.
Во среда, 16 октомври 2021 година, одбележуваме седумнаесет долги години, без неговиот посебен карактер и дело. Тоше Проески остави неизбришлива трага во нашето наследство, без разлика дали зборуваме за неговите човечки или музички вредности, и во деновите што следат, секој ќе се сеќава на него на свој начин.
Неговите зборови: „Не сакам да ми ја симнувате капата, сакам само да се гордеете со мене.“, засекогаш ќе бидат врежани во срцата на сите што имале привилегија да го запознаат лично или да го следат него преку неговата богата хуманитарна и музичка работа.
Ниту тогаш, ниту денес, нема човек што немал само пофални зборови за Тоше. Сигурно е дека неговите сограѓани во Крушево, како и многу обожаватели, и оваа година ќе го посетат последното почивалиште на македонскиот славеј.
Зборовите на Тоше, „Ве сакам сите“, покажуваат колку беше големо неговото срце и како со своите несебични дела, тој секогаш им помагаше на оние на кои тоа им беше најпотребно.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *