Изминатиот викенд во Република Грција, во општината Халкидонос, се одржа вториот по ред „Аксиос ранинг фестивал“.
Се трчаа четири трки: полумаратон на 21,1 километар, трка на 10 километри, трка на 5 километри и детска тра на 1,6 километри.
На овие трки учество зедоа шестмина атлетичари на АК „7-ни Ноември“ и тоа: Драган Ристов на полумаратонската трка во должина од 21.1 километар, Тодор Анчев на 10 километри, Живко Петков во машка конкуренција и Стоева Натка, Крајчева Александра и Наташа Демирџиева во женска конкуренција на 5 километри.
Најдобро пласиран беше Тодор Анчев, кој во една силна конкуренција, во трката на 10 километри, го освои третото место и бронзениот медал.
Од женските членови на гевгелискиот клуб, најдобро пласирана беше Наташа Демирџиева, која во трката на 5 километри го освои четвртото место.