ТЕЖОК ПОРАЗ НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА „КОЖУФ“ ВО БИТОЛА

Стартуваше пролетната сезона во Втората македонска фудбалска лига. За жал, фудбалерите на Кожуф во 16-то коло гостуваа во Битола, каде доживееја тежок пораз. Беа поразени од четвртопласираниот Пелистер со резултат 0-5. Стрелци на головите за домашните беа Бојан Спиркоски и Благоја Љамчевски, Борче Маневски, Бурхан Мустафов. Со овој пораз гевгелискиот второлигаш остана на 11-то место на табелата со освоени 17 бодови. Во наредното коло „Кожуф“ повторно гостува, овој пат на екипата на ФК Аресими 1973.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *