ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ“ НА ДРАМСКОТО СТУДИО ПРИ ЈОУ „ДОМ НА КУЛТУРА“

Синоќа, во Градскиот театар во Гевгелија, беше прикажана втората театарска претстава за деца на Драмското студио при „Дом на Култура“, „Мачорот во чизми“, по мотиви од Шарл Перо.
Неуморниот патник, бистриот и брлив мачор Макс, почнува нова животна авантура. Во моментот кога неговиот газда, стариот воденичар, го напушта овој свет, тој една вечер сосема случајно ќе ги спаси волшебните чизми Енесија и Акајсија од мрачната пештера на злобниот вештер Ужвекс. Ѕверот волшебник поради тоа почнува да го уништува кралството. Без чизмите ја губи волшебната моќ. 

Низ бројни комични ситуации, Макс, херојски го надмудрува злобниот Ужвекс и со помош на магионичарски трикови и илузии ја спасува принцезата Сесилија. Ова е приказна која ги глорифицира херојството, пожртвуваноста и пријателството, а ги иронизира и исмејува злобата и пакоста.
За одбележување, покрај одличната режија на Катица Џишева Дупарова, и глумата на младите актери, е и прекрасната сценографија на Гордана Петрова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *