Театарската претстава „Вообразен болен“, во организација на Дом на култура „Македонија“ од Гевгелија а во изведба на НУЦК ,,Трајко Прокопиев“ од Куманово ќе биде изведена утре, сабота, 6 ноември, во рамките на чествувањето на Општинскиот празник, 7-ми Ноември, во Народниот театар . „Вообразен болен“ е комедија од Жан Батист Поклен Молиер, француски писател и артист, еден од најголемите комедиографи на светската книжевност. Автор е на 33 театарски дела во кои ги исмејува тогашното општество, расипаноста и лакомоста на аристократијата.
Режисер на претставата е Драгана Гунин, а улогите ги толкуваат актерите Мирослав Петковиќ, Александра Михајловска, Владанка Димковска, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Давид Илиќ, Жарко Јовановиќ и Ангела Стојановска.
Почетокот на претставата е од 19 часот а билетите се продаваат по цена од 100 денари. . Сите билети се нумерирани, а за ваше присуство потребно е да поседувате сертификат за целосна имунизација од COVID-19.