ТАНЧЕРСКАТА ГРУПА ЗА МОДЕРЕН БАЛЕТ „ДИВА“ СО „УТОПИЈА-ЗЕМЈА НА СОНИШТАТА“ НАСТАПУВА НА ГЕВГЕЛИСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО
Утре, вторник, 19 јули, продолжуваат културно-уметничките настани во склоп на Гевгелиското културно лето. Танчерската група за модерен балет „Дива“ ќе настапи пред гевгеличани со перформансот насловен како „Утопија-земја на соништата-2“. Како што ни кажа кореографот и костимограф Марија Граматикова, се работи за музичко шоу, кореографија на урбана музика, која преку игра ја претставува борбата помеѓу доброто и злото, во кое, се разбира победува-доброто.Музиката е микс на Мозаик Колектиф, додека сценските платна се изработени од Јован Ваља Митрино. Шоуто започнува во 21 часот на просторот од старото градско пазариште, во центарот на градот.