СВЕЧЕНО ОТВОРЕНИ ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ПЕКИНГ: РАЗВЕАНО И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ
На стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг во 13 часот по средноевропско време започна спекатакуларната цереминија на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Организаторите ја претставија и маскотата на олимписките игри, која ќе биде панда, популарната мечка чие природно живеалиште е во централно-западна и југозападна Кина.
Македонскиот скијач, Дардан Дехари продефилира со македонското знаме на свеченото отворање на Зимските олимписки игри.
На овие игри Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти:
Ана Цветановска (крос-кантри) – ќе настапи на 7,5 км слободно + 7,5 км скијатлон (5 февруари) и 10 км класично (10 февруари).
Ставре Јада (крос-кантри) – ќе настапи во спринт слободно 1,5 км (8 февруари) и 50 км слободно (19 февруари).
Дардан Дехари (алпско скијање) – ќе настапи слалом/велеслалом (13 и 16 февруари).