СТРУЈА МОЖЕ ДА СЕ ПРОИЗВЕДУВА И ОД ВОДАТА ШТО ТЕЧЕ НИЗ ГЕВГЕЛИСКИОТ ВОДОВОД

Во денешно време, кога кај нас и во светот владее енергетска криза, сè почесто се зборува за транзиција кон обновливи извори на енергија, а во прв план се ветерот и сонцето. И тоа е сосема во ред затоа што ветерот и сонцето се најисплатливи обновливи извори, а имаат и помало влијание врз природните екосистеми од големите и малите хидроелектрани. Меѓутоа, тука станува збор за хидроенергетски извор кој ретко им паѓа на памет на луѓето – водоводните цевки.

И додека енергетскиот потенцијал на големите реки е јасно видлив, стартап-компанијата „Ин пајп енерџи“ од Орегон смислила систем кој овозможува соодветно искористување дури и на хидроенергијата од водоводните цевки. 

Компанијата “ИН ПАЈП” од Орегон замислила зафаќање на вишокот енергија која се создава додека водата тече низ општинските цевки за пивка вода.

Додека  водата во водоводните цевки тече надолу, од водната станица до славините до секој наш дом, притисокот во цевководот често станува превисок, а во одржувањето на рамнотежата помагаат вентилите за намалување на притисокот кои се сместени по должината на цевководот. Улогата на тие вентили е важна бидејќи во спротивно големата сила на водата што се создава поради прекумерниот притисок може да предизвика течење или поголеми прекини во водоснабдувањето, а санацијата понекогаш е многу скапа.

За да се избегне такво сценарио, смислена е технологија која ги користи постојните вентили за контрола на притисокот, но на кои се додадени сензори чија задача е прецизно да го следат протокот на водата и притисокот кој настанува во цевката. Кога притисокот ќе почне да се зголемува, водата се пренасочува низ мала цевка која се нарекува заобиколница, каде што таа свртува низа микротурбини, по што повторно се влева во главната цевка.

За време на наведениот процес прекумерниот притисок се претвора во енергија, која потоа може да се користи за напојување на градската електрична мрежа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *