СОВЕТОТ ЌЕ РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГ ПРОГРАМАТА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ СО СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

На 41.Седница, Советот ќе расправа за Предлог-програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја за периодот од 2024 до 2029 година.
Со Предлог програмата се предвидува подигање спомен обележја на следните личности:
Гоце Делчев, Леонид Јанков, Венијамин Мачуковски, Аргир Манасиев, Ангел Динев, Ангел Симов, Васка Дуганова , Марика Ќаева, Нада Поп-Ристова, Илија Карајанов, Александар Сингер, Илија Џаџев, д-р Димитар Бајалџиев, Никола Ѓелебешев, Мирче Ќорнаков, група танчерки во игра, Параклис посветен на Свети Архангел Михаил, Светите браќа Кирил и Методиј.
 
Почетната основа за носење на Предлог одлуката е обврската на Општина Гевгелија за имплементација на Законот за меморијални споменици и спомен обележја.
За подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележјата, локација каде ќе се подигне, Советот носи одлука и именува Одбор за подигање Спомен обележје.
Основни цели на програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен обележја се сочувување и афирмирање на материјалното и духовно наследство кое го оставиле овие личности, сочувување и афирмирање на историскиот идентитет на Општина Гевгелија, како и поттикнување на културниот туризам и локален развој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *