СОУ „ЈOСИФ ЈОСИФОВСКИ“- УЧЕСНИК НА ПРВИОТ ДИГИТАЛЕН САЕМ ЗА СРЕДНО СТРУЧНО БРАЗОВАНИЕ СО ПРОФИЛОТ ГОТВАЧ

Со цел промоција на средното стручно образование како остварлива можност за кариера, за првпат се одржа Дигитален саем за средно стручно образование во организација на МЦГО. На Саемот учествуваа 6 средни училишта од Републиката, меѓу кои и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија со профилот Готвач, како едно од најдобрите избрани средни училишта за презентирање на стручниот профил.
Околу 19.000 деветтоодделенци беа дел од овој уникатен настан, чија основна цел беше учениците навремено да се информираат за она што го нудат средните училишта во земјава и да слушнат успешни примери за соработка со бизнис секторот и обраќања на познати личности кои го споделија своето професионално искуство.
Од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија учествуваа учениците од Угостителство и туризам, профил Готвач- Александра Мижорова и Ване Филипов, под менторство на професорката Марина Калкова, а од партнер компанијата „Фортуна Интернационал“ (Хотел „Аполонија“) учествуваше професионалниот готвач Драги Миов.
Проектот е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка во соработка со Министерството за образование и наука,
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *