СОПРУГАТА НА ДОЈРАНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК АНГО АНГОВ ЌЕ БИДЕ КОИНВЕСТИТОР НА СОЛАРЕН ПАРК ВО ДОЈРАН

Компанијата ,,Аратон Енерџи,, за производство на соларна енергија од фотоволтации,деновиве беше регистрирана во Нов Дојран,од страна на двајца партнери кои одлучиле,со изградба на соларен парк,актуелната економска ситуација да ја искористат со инвестиција во овој трендовски бизнис.
 
Еден од инвеститорите на проектот за изградба на соларен парк е фирмата ,,Ангов Консалтинг,, од Гевгелија чиј сопственик е Станојка Ангова,сопруга на дојранскиот градоначалник Анго Ангов,а нејзин управител е Иван Тошевски,додека вториот инвеститор е фирма од Скопје.
 
Фирмата ,,Ангов Консалтинг,,која е формирана и успешно работи од 2013 година,со коинвеститорот сеуште се наоѓаат во почетна фаза на проектот затоа што,според појаснувањето,сеуште бараат погодна локација за соларниот парк,која можеби и нема да биде на територијата на општина Дојран,се изготвува потребната документација како и барањата за кредитни средства за изградба на соларниот парк.
Соларниот парк чија што вредност ќе изнесува околу 200.000 евра,ќе има моќност од 300 киловати.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *