СО ВОЛШЕБНИТЕ ГЛАСОВИ НА „ТРИО ЏЕНТЛМЕН“ БЕШЕ ОЗНАЧЕН КРАЈОТ НА ГЕВГЕЛИСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО 2024

Со моќните изведби на : Тајно моја, Кога те нема, Чукни во дрво, Штом се сака, Che sara Caruso, Мама son tanto, O sole mio, Сербез Донка, Јовано Јованке, Мајка на Марика, Не стој Доне Донке, Молитва, Болен ми лежи Миле Поп Јорданов, Се што сакав и Штом ноќта помине, Јане Дунимагловски, Дејан Стоев и Кристијан Антовски, или како што се добро познати на публиката под името „Трио Џентлмен“, ја воодушевија гевгелиската публика.
Дека концертот не остави никого рамнодушен говори фактот што публиката ги враќаше на бис неколку пати. Со нивниот концерт во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, се одбележа и крајот на овогодинешната манифестација „Гевгелиско културно лето 2024

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *