СО ТРИБИНА И ПРОМОЦИЈА НА ИГРАТА „БОЧИЈА“ ЗДРУЖЕНИЕТО „МОБИЛНОСТ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА ГИ ОДБЕЛЕЖА 3 И 4-ТИ ДЕКЕМВРИ – ДЕНОВИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ

Со трибина и промоција на играта Бочија која се одржа вчера, 2 декември во Пионерски Дом Гевгелија, Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Гевгелија ги одбележа за нив важните датуми, 3-ти Декември, Меѓународниот Ден на лицата со попреченост, и 4-ти Декември Националниот ден на лицата со телесен инвалидитет.
 
Пред присутните членови од Гевгелија, Богданци и Дојран и гости на настанот, свое обраќање имаше претседателот на Мобилност Гевгелија, Даниела Гошева Кангов. Таа нагласи дека на локално ниво од минатата година до сега многу од поставените барања и цели се остварени, се донираа три електромоторни помагала од страна на Општина Гевгелија, се донираше адаптирано комбе од Фондација Ице Бегов на општина Гевгелија на кое како крајни корисници се лицата со инвалидитет и попреченост, од Центарот за социјална работа Гевгелија на заедницата на инвалидски здруженија беше донирано возило за потребите на сите здруженија, се воведе личната асистенција преку Црвен Крст Гевгелија како провајдер и давател на услугата, и се направија пристапни рампи на тротоарите по целата должина на улицата Маршал Тито од двете страни, со што се овозможи лицата со количка да можат да се движат по неа.
 
Работа има уште многу, истакна Гошева Кангов, инклyзијата ќе се случи тогаш кога општеството и бизнис секторот и сите останати ќе овозможат да нема архитектонски бариери, и тогаш кога ќе ни се обезбедат адекватни, модерни и соодветни ортопедски помагала кои ни се неопходни за да се движиме.
 
Свои обраќања на трибината имаа двете пратенички во собранието на Република Македонија, Ангелинка Петкова и Марија Костадинова, директорката на Центарот за Социјална работа Васка Илиева и секретарот на Црвениот Крст Гевгелија Лазар Мешков. Кратко обраќање имаше и градоначалникот на општина Богданци гБлажо Шапов кој изрази надеж за уште поголема соработка во иднина.
 
Откако на присутните гости и подржувачи на Здружението им беа врачени благодарници, Александар Талески ги објасни правилата на играта Бочија, и ревијално сите присутни ја играа сите заедно. Играта Бочија може да ја играат лица со најтешка телесна попреченост. Задоволство беше големо кај сите да се види инклузијата на дело.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *